СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и некрофилот Мицкоски секојдневно го покажуваат своето морбидно, нечовечно лице

„Во време на светска пандемија, кога стотици семејства се погодени од коронавирусот, сите здравствени работници даваат се од себе во борбата против опасниот вирус ВМРО-ДПМНЕ упорно го поткопува здравствениот систем, морбидно ја слави смртта и навива за опасниот вирус.

Примерите на мрачниот некрофил Христијан Мицкоски ги следат и во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ“, велат СДСМ.

„Поставувањето на плакат, кој алудира на смрт пред Министерството за здравство, од страна на Стефан Синадиновски од УМС Аеродром е уште еден морбиден, срамен чин, доказ дека ВМРО-ДПМНЕ го допре дното.

Со потсмевањето со жртвите на коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ го покажува своето морбидно, некоректно, нечовечно лице.

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет, од почетокот на пандемијата само глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а од друга страна и ги прекршува мерките за заштита, ги поткопува напорите на здравствениот систем за справување со најголемата здравствена криза.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега