СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја спрчува борбата против трговијата со дрога

Скандалот со шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски со тепање полицајци, отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и МВРО – ВМРО, сметаат во СДСМ.
 
„Едно е тепањето на полицаецот кој си ја вршел својата работа. Шефот на обезбедувањето на Мицкоски удри по инспектор кој спроведувал акција против дрога во кафе бар во Скопје, што го покажува вистинското, насилничко и криминално лице на ДПМНЕ.
 
Второ е дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?
 
МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?
 
А Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни.
 
Овој скандал мора да биде расчистен целосно.
 

 

Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.“ - велат од СДСМ
19.02.2024 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега