СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ кочеа средства за 16 ковид центри, жртвите од коронавирус ги сведуваат на бројки

Лицемерните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски глумат загриженост, кочеа средства за опремување на 16 ковид центри, а жртвите од коронавирусот ги сведуваат на бројки, велат од СДСМ преку соопштение.

„Од почетокот на пандемијата па до денес, граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски видоа само лажни вести, деструкција, лицемерие и подривање на здравствениот систем.

Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижеа за здравјето на граѓаните немаше први да ги кршат мерките и да организираат масовни собири каде не се почитуваа протоколите за заштита од коронавирусот.

Ако толку беа загрижени за здравствените работници, немаше да го кочат заемот од Светска Банка со кој ќе се опремеа 16 ковид центри низ целата државата.

Ако толку се грижеа за јавното здравје, немаше заболените и починати од коронавирусот да ги сведуваат на бројка и статистика и од нив да прават настани на кои им се потсмеваат на жртвите.

Но тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, секогаш на спротивната страна на граѓаните, секогаш на спротивната страна на јавното здравје.

Наместо поддршка, ВМРО-ДПМНЕ застана на погрешната страна, на страната на коронавирусот“ стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2020 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега