СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, не се зголемуваат цените на Катастар

„Откако им пропаѓаат обидите за блокади, ВМРО-ДПМНЕ се враќаат на старите навики со фалични калкулации сакаат да ги манипулираат граѓаните. Не е точно дека цените на катастарските услуги се зголемени за сите услуги најмалку пак дека се зголемени за пет пати“. Вака реагираат од СДСМ во врска со прес-конференцијата на Марија Митева.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да ги излаже граѓаните, особено што на одредени документи цената е намалена за три пати.

Како што е и јавно објавено новиот тарифен модел, поединечните цени на податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем (ГКИС) и надоместокот за запишување во катастарот на недвижности не се енормно зголемени како што се дезинформира јавноста тук се на ниво на реално направени трошоци за нормално функционирање и одржување на електронските системи.

Со тоа што се воведени и фиксни надоместоци за користење на дел од податоците од ГКИС, како и за запишување на правата на недвижностите.

Овој надоместок во претходните тарифници изнесувал од 100 до 300 денари, а сега е пропишан единствен износ во висина од 250 денари кој е и единствен надоместок за одредени производи од ГКИС.

Дополнително, за голем број документи цената е значително намалена со што паѓаат во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ со фаличен калкулатор сака да ги манупулира граѓаните - точната математика ја знае секој геодет, вкупниот трошок за еден проект поскапува за точно 0% односно НЕ поскапува.

Тарифите впрочем се јавно објавени и на официјалната страница на институцијата“, велат од СДСМ.

26.11.2022 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа