СДСМ: ВМРО ДПМНЕ на луксузните хотели и плажи во Монте Карло

„ВМРО-ДПМНЕ е пример за лицемерие, за дрско и безобразно лажење на граѓаните.
Додека глумат загриженост за економската состојба и животниот стандард партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ летуваат на луксузни хотели и плажи во Монте Карло, во екслузивни ресорти во Црна Гора и други монденски дестинации“. Ова утринава го потенцираат од владејачката СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

„Ете колку раководството на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните, ете како го замислуваа протестното лето со кое го лажеа првенствено своето членство, а потоа и граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, раскалашеност, безобразност и лицемерност, беа и останаа заштитен знак за партијата предводена од Христијан Мицкоски“; стои во соопштението на СДСМ.  

 

10.08.2022 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега