СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со падот на стапката на невработеност

ВМРО-ДПМНЕ е истата криминална партија  која во  11 години режим ја опустошуваше државата, се грижеше само за своите партиски интереси и богатење на неколкумина на врвот на партијата на сметка на осиромашување на граѓаните. Ова го велат од владејачката СДСМ во реакција испратена пред малку до медиумите.
 
„Токму тие погрешни политики се најголемиот виновник за иселувањето на граѓаните од државата.
За разлика од тоа време СДСМ спроведува мерки и политики, со кои трендовите на иселување се драстично намалени.
 
Додека ВМРО-ДПМНЕ со години ја држеше минималната плата под 9.000 денари, СДСМ двојно ја зголеми на 18.000 денари, просечната плата порасна на 31.000 денари.
 
Во изминатите години се покачија платите на наставниците, вработените во здравството, социјалната заштита, во градинките, полицијата, културата, во високото образование, следува ново зголемување на платите во сите сектори во септември кога платите ќе се усогласат со растот на минималната плата. 
 
Истовремено континуирано се намалува невработеноста, а расте вработеноста на населението. Стапката на невработеност во првиот квартал од оваа година се намали на историски 14,7 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста. Овие тотално промашени теми за прес конференции не проаѓаат ниту во канцелариите во Белата палата, каде што имаат сериозни проблеми и во функионирањето и во спроведувањето на планираните блокади и други активности“, стои во реакцијата на СДСМ.
07.06.2022 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега