СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ во Собранието рабпти против интересите на граѓаните и наместо конструктивност се што прави е блокади и кочења на важни законски измени, соопшти утрово владејачката СДСМ.
-Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. кој предвидува отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија. ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на ковид-19, со кој на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%. Во Комисијата за труд и социјална политика, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците, се вели во дописот.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници.
-Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат и измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање. ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата и затоа на овие избори уште еднаш, по седми пат ќе бидат поразени од граѓаните, се вели во соопштението од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа