СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ распродаде 70% од Славија

 
„ВМРО-ДПМНЕ  продолжува  бесрамно да шири лаги и дезинформации во врска со најавената продажба на акциите на АД Славија мислејќи дека на тој начин ќе ја заташкаат вистината дека во периодот 2012 – 2017 година имотот на компанијата се рапродавал на парче со тајни зделки“, возвраќаат од владејачката СДСМ во врска со соопштението од опозицијата испратено утринава до медиумите.  
 
„Со таквата распродажба на десетици дуќани и локали, некогашни маркети низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја обезвредни АД Славија, која е потоната во долгови, кон доверители и кон поранешни вработени.
 
Наместо да пласираат тешки дезинформации од Белата палата, треба да им објаснат на граѓаните зошто во текот на нивното12-годишно владеење не успеале да го решат проблемот со АД Славија, туку распродале 70% од нејзиниот имот“, се вели во писмената реакција на СДСМ. 
 

 

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Христијан Мицкоски постојано работи на штета на граѓаните.
22.12.2021 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега