СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да му нанесе штета на здравствениот систем

Околу досегашната состојба во справувањето со Ковид кризата од владеачката СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ сака да му нанесе штета на здравствениот систем.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивност, со измислени скандали за во обид да му нанесе штета на здравствениот систем, кој со сите сили се бори против пандемијата со коронавирусот. Прво во белата палата им пречеше што наводно државата била спора со набавка на вакцините, а сега, во последните денови им пречи дека премногу сме брзале за да стигнат вакцини“, реагираат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во криминално–режимска матрица, чиј заштитен знак се коруптивни тендери и фантом фирми и затоа постојано е поразена од граѓаните на избори“, додаваат од владеачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2021 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега