СДСМ: Во однос на Бугарија, ние ги штитиме националните интереси, а ВМРО-ДПМНЕ прави штета

 

СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека прави штета во односите со Бугарија додека тие се обидувале да ги заштитат националните интереси.

„Владата предводена од СДСМ ги штити државните и националните интереси, во решавањето на прашањата со Бугарија, не отстапува од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии.
 
За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема, ниту може да има никакви преговори.
 
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, во време кога се  решава евроинтеграцискиот процес на државата, се однесуваат срамно, неодговорно и недозволиво, со што прават штета на државните позиции и националните интереси.
 
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја засилија деструкцијата и лажеа дека ќе се избрише македонскиот јазик, дека народот ќе биде асимилиран, а државата ќе се бугаризира.
 
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да покажат одговорност, да престанат да одработуваат за туѓи интереси и да не прават штета само заради задоволување на лични и партиски интереси“, велат од СДСМ.
27.06.2022 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа