СДСМ: Вооружени насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието - обидувајќи се да убијат пратеници

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, велат од СДСМ.
 
„Вооружени насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија.
 
Тие насилници беа поддржани со присуство пред Собранието и лично од страна на Христијан  Мицкоски.
27 април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија во која и после 5 години нема никаква промена, стои во реакцијата на СДСМ.
 
„Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимската насилничка матрица на неговиот шеф и ментор Груевски.
Пет години од 27 април, од денот кога Собранието беше претворено во крваво поле за одбрана на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, Мицкоски и неговата партија се уште стојат зад овие насилници.
Едно е факт, насилниците никогаш нема да бидат уставобранители“, се наведува во реакцијата на владејачката партија.
27.04.2022 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега