СДСМ возвраќа: Дебакл на Мицкоски, пропаднатата блокада ја менува со протест за месец од сега

Откако им пропадна деструктинвата идеја за блокирање на собранието „невидените“ чекори кои ги најавуваше Мицкоски се сведоа на еден протест за еден месец од сега. Вака реагираат од владејачката СДСМ доцна вечерва откако претходно потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски ја соопшти одлуката на партијата, дека на 18-ти јуни опозицијата излегува на масовен протест.

„Ако на Мицкоски му е потребен еден месец за да организира еден протест, тоа говори за внатрешните проблеми кои ги има за да си ја зачува сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ.

Како и да е, протест е демократско право на опозицијата.
Што се однесува до изборите, тоа прашање е затворено. Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби.

СДСМ уште еднаш посочува дека било какви деструктивни идеи за блокада на државата нема да успеат и повторно ќе бидат поразени.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи за граѓаните и поддршка на стандардот во услови на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа“, стои во реакцијата на СДСМ испратена вечерва до медиумите.

16.05.2022 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега