СДСМ: Време е за одговорност и глас за Европа, заедно да ја обезбедиме европската иднина

 
 
„Време е за одговорност и глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на држвата.“-велат од СДСМ во соопштението испратено до медиуми.
 
-Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, за што имаме силна поддршка и од нашите стратешки партнери Соединетите Американски Држави. Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ. Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно, а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура.-додаваат од партијата.
 
„СДСМ разговара со сите политички чинители во рамки на Парламентот со цел да се поддржат уставните измени и да продолжи европскиот пат на земјата.Имаме историска шанса која треба да се искористи, Македонија да оди напред кон исполнување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.“-стои во соопштението.
20.05.2023 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега