СДСМ: Врховен суд ја потврди пресудата на шефот на Мицкоски за „Насилство во Центар“, ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение

СДСМ реагираше по одлуката на Врховниот суд да ја потврди пресудата на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение.

И Врховниот суд ја потврди пресудата за ашефот на Мицкоски за случајот „Насилство во Општина Центар“.

Груевски за „шамарите во Центар“ е осуден на затворска казна од 1 година и 6 месеци, а заедно со пресудите за други криминални дела на вкупно 11 години затвор.

Пресудите за случаите „Титаник“, „Плацеви на Водно“ и бројни принзанија потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија.

Потврдени се злосторничко здружување, организирано перење пари, незаконското богатење преку криминални Белизе-шеми, изборни измами, криминализација на изборниот процес, што 11 години ги правело ВМРО-ДПМНЕ.

Додека се спроведувале крминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  му бил советник на Никола Груевски, а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е истиот Христијан  Мицкоски, кој сега уценува, се заканува со деструктивност, кој целосно се загуби и не знае веќе како да наштети“, соопштија од СДСМ.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста 

29.04.2022 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега