СДСМ. За 4 години со „Мој ДДВ“ СДСМ врати 107,5 милиони евра кај граѓаните

 
 
„Мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на СДСМ, парите назад кај граѓаните. За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра. Тоа се сериозни средства што државата директно ги исплаќа на сметката на секој регистриран корисник.“-велат од СДСМ во своето соопштение.
 
-Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август.  За успешноста на мерката „Мој ДДВ“ говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919. Покрај приход плус во семејствата, оваа мерка даде и позитивен ефект врз намалувањето на сивата економија.-додаваат од партијата.
 
„СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните. “-стои во соопштението.
02.07.2023 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега