СДСМ за обвинението против Јанушев: „Нема промена во криминалната ВМРО-ДПМНЕ“

Никаков нов концепт, никакви нови политики не може да понуди Христијан Мицкоски. Тој е опкружен со лица од режимот, лица кои се во судир со законите, изјави Стефан Васев од СДСМ, откако вчера беше покренато обвинение против Игор Јанушев – сегашен пратеник од редовите на опозициската партија.

Против Јанушев е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба при набавката на кинеските автобуси.

„Со ова обвинение се зголемува бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и кои се наоѓаат пред судовите. Да потсетиме за истото кривично дело Злоупотреба на службената положба, на обвинителна клупа е и Антонио Милошоски, човек за кого има и пресуди од германски судови. Криминал, деструкција, лажни вести и блокади, тоа е се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски е на браникот на криминалот на режимот и ништо друго, но бегање од правдата нема, секој што се огрешил пред законите мора да сноси одговорност“, рече Васев.

Како што додаде, ВМРО-ДПМНЕ можат да се пребојуваат со сите бои, но тоа нема да го сокрие фактот дека во партијата нема никаква промена.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се соочат со нов пораз на претстојните избори.

15.07.2021 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега