СДСМ: За тоа кој и колку треба да биде во изолација кажуваат здравствените стручни лица, а не ВМРО-ДПМНЕ

 
ВМРО - ДПМНЕ и Христијан „на браникот на криминалот“ Мицкоски може да зборуваат само за кафеани, теретани, прекршување мерки, блокади и опструкции на здравствениот систем, велат во соопштение од СДСМ.
 
Од партијта велат дека за друго ем не ги бива, ем не знаат.
 
„Граѓаните многу добро знаат дека хистеричниот Мицкоски среде пандемија затвораше кафеани, прекршуваше мерки и го загрозуваше здравјето на граѓаните.
 
Неговата министерка во техничката Влада, свесно го блокираше заемот од Светска банка за монтажните Ковид болници.
 
Неговиот Вело Марковски ги лажеше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски, и што ти уште не.
 
На сите им е јасно дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е само да наштети.

 

За тоа кој и колку треба да биде во изолација кажуваат здравствените стручни лица, а не лажговците од ВМРО-ДПМНЕ.“ стои во соопштението.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2020 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега