СДСМ: Законите важат за сите подеднакво, денеска тоа го потврди и „Транспаренси“

Законите важат за сите подеднакво, без разлика за кое име и презиме станува збор, а тоа е потврдено и со случајот којшто го споменува ВМРО-ДПМНЕ, регираат од СДСМ, откако од опозициската партија обвинија дека во случајот „Лабораторија“ во Визбегово наводно е вмешан и братот на шефот на кабинетот на премиерот Ковачевски.

„Фактите се дека има судска пресуда за овој случај, потврдена и од Апелацискиот суд. Споменатите лица се осудени на затворска казна и ја имаат издржано казната“, се посочува во партиската реакција.

Од СДСМ, воедно додаваат дека денешниот Извештај на „Транспаренси интернешнл“ потврдил оти законите важат за сите.

„Една од главните причини за напредокот од 24 места е тоа што земјата има преземено конкретни чекори за кривично гонење на високи функционери од власта“, нагласуваат од партијата.

25.01.2022 - 15:49
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега