СДСМ: Започна ФРОНТЕКС, македонскиот јазик е втемелен во ЕУ
„Во нашата држава започна Заедничката операција, под закрилата на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, откако Собранието на 13 февруари го ратификуваше Договорот.“-стои во соопштението од СДСМ.
-Договорот со ФРОНТЕКС е прв потпишан договор со Европската унија, на македонски јазик, без додавки, фусноти и ѕвездички, што е доказ за заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, кои со овој документ, се втемелуваат во ЕУ, на исто рамниште, заедно со сите други јазици и идентитети на земјите членки на ЕУ.
ФРОНТЕКС значи дополнителна заштита на нашите граници, заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, значи навремен одговор за сите безбедносни ризици по нашата земја,
СДСМ како одговорна, државотворна партија продолжува со реализација на стратешките интереси, заедно со граѓаните ја обезбедуваме европската иднина на нашата татковина.-додаваат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа