СДСМ: Зошто Мицкоски прифатил Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија?

Цел ден граѓаните се сведоци на срамен молк од Христијан Мицкоски.  Ниту од Мицкоски ниту од Белиот дворец нема никаков одговор околу гласањето на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуцијата на ЕПП со ставовите на Бугарија. Ова го потенцираат од владејачката СДСМ во реакција испратена до медиумите
 
„Наместо да се крие Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори зошто го прави ова?
Зошто дал зелено светло за Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија?
 
Зошто Мицкоски ја поткопува државата позиција во однос на Бугарија?
Зошто ова и го прави на сопствената земја, на сопствениот народ?“, прашуваат од владејачката СДСМ.
03.06.2022 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега