СДСМ:Нема доволно силна лага и дезинформација на ВМРО-ДПМНЕ за Шилегов која ќе ги убеди скопјани да се вратат назад

- ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку злоупотреба на немилиот настан и поигрување со чувствата на загрозените родители и деца за ситни политички поени испраќаат силна порака до граѓаните и целата јавност дека немаат ниту идеја, ниту план, ниту програма, како за Град Скопје, така и за сите општини низ државата, се вели во соопштението во денешната реакција на владејачката СДСМ.
 
Додаваат: „Свесни за слабата, безидејна понуда за град Скопје и поразот кој ќе им го понесе кадарот на Груевски,  Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ мислат дека ако илјада пати го употребат зборот „одговорност“ за Шилегов на прес-конференција и ако панично вршат притисок врз институциите ќе успеат да ја замајат јавноста од реалната состојба и извесниот пораз кој ги очекува за две недели.
 
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов посочи во јавноста дека секоја година Градот Скопје финансира илјадници програми,  но дејствата на програмите во прашање не можат да се предвидат.
 
Истовремено, Шилегов остро го осуди скандалот и повика на што побрзо расчистување на случајот од страна на надлежните институции“.
 
„Но, барање одговорност и осуда на скандалот од страна на Шилегов не им се доволни на ВМРО-ДПМНЕ,  тоа нема да ги спаси од поразот на 17 октомври.
 
Граѓаните направија споредба и разлика меѓу понудата на кадри на Груевски и лица со сомнително минато и кадрите на СДСМ кои го носат најдоброто.
 

 

Нема доволно силна лага и дезинформација на ВМРО-ДПМНЕ кон Шилегов која ќе ги убеди скопјани да изберат враќање во 19 век наспроти модернизацијата и промената која доаѓа со најдоброто на Шилегов“-истакнуваат од партијата. 
03.10.2021 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега