СДСМ:Силната динамика на развој и напредок на општините мора да продолжи

 
„Во изминатите четири години Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува што значи вистинска грижа за напредок и развој на сите општини во државата.
 
Општините работеа отчетно, вредно и напорно, со силна поддршка на сите надлежни институции од централната власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
 
Успешните мерки и политики на СДСМ резултираа со реализација на над 7.000 проекти на локално ниво, проекти кои значат подобар живот за сите граѓани, нови вработувања, модерни општини“- се вели во соопштението на владејачката СДСМ.
 
Во него додаваат дека реализираните проекти се доказ дека никогаш досега не се развивале и напредувале општините како во изминатите 4 години со СДСМ.
 
Оваа силна динамика мора да продолжи, како што велат, бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ.
 
„Најдобрите проекти на СДСМ носат развој, а развојот носи подобар живот за граѓаните.
 
Тоа го носи најдоброто, подобар живот во секое едно населено место, концепт, визија што води кон развој и напредок.
 
Бидејќи граѓаните го заслужуваат само најдоброто“-истакнуваат во соопштението.
01.10.2021 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега