СДСМ:Следува седми пораз од граѓаните, кои ќе ги погазат политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Во денешното соопштение СДСМ ги обвинува припадниците на најголемата опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ за блокади и кочења, како што велат, на  важни законски измени.
 
„Вчера на седницата на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го опструираше носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи. Со овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври, недела станува неработен ден за сите оние кои сакаат да бидат со своите семејства. Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин  ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните, тераат политиканство заради лични и партиски интереси“- вака реагираат од СДСМ во денешното писмено соопштение доставено до медиумите.
 
Во соопштението е истакнато, како што  наведуваат, дека следува седми пораз од граѓаните, кои одново ќе ги поразеле погубните и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците.

 

 
22.09.2021 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега