Се борела 10 години да ги добие: Мајката на загинатите близначиња од Србија скршена

Славица Пешиќ остана без своите два сина, осумгодишните Вук и Наум, кои заедно со татка си загинаа во страшна сообраќајка во Србија.

Во селото каде живееле двете близначиња на возраст од осум години, се слушале само плач и лелеци по големата трагедија. Нивната мајка од болка не може да стои на нозе, а соседите се прашуваат како ќе продолжи да живее со големата болка. По телата на малите момчиња отишол нивниот вујко.

- Не знае за себе од болка, Славица е скршена и едвај оди, постојано молчи и е под силни лекови. Долго се бореше да има деца, десет години, а сега ги нема. Во секунда остана без двата сина по десет години борба за нив, велат скршените мештани.

Илјадници луѓедошле во куќата на Славица по големата трагедија во саботата. 

Децата ќе бидат погребани денеска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2019 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега