Се готват измени на изборниот модел: Помалку изборни единици и цензус за влез во Собрание

Власта и опозицијата не се согласуваат околу опцијата наследните парламентарни избори Македонија да биде една изборна единица, јавува Макфакс, повикувајќи се на свои извори.
Премиерот Заев на брифингот со новинарите викендов рече дека СДСМ се залага за една изборна единица. Макфкас пишува дека ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со овој предлог и бара изборниот процес да тече како и до сега, со 6 изборни единици.
Ставот на ДУИ пак според неофицијалните информации е Македонија да биде поделена на 3 изборни единици.
Она околу што најверојатно постои согласност меѓу партиите е да се постави цензус за влез во парламентот кој се договара да биде на 3%.

 

 

 

16.04.2018 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега