Се испразни џебот на Канје за 20 милиони - Ким е виновникот

44-годишниот рапер пред две недели официјално ги предал своите права на имотот, според ТМЗ, со што неговата поранешна (40) е единствен сопственик на пространата хациенда што ја купија заедно пред седум години.

Ким живее таму со четирите деца Норт, Сент, Чикаго и Псалм по поднесувањето барање за развод во февруари.

Според судски документи до кои дојде ТМЗ, таа сега е единствениот сопственик на имотот во Хидн Хилс, а кој го делеше со сопругот седум години.

Порталот цитира инсајдер дека преговорите меѓу нив биле исклучително срдечни и таа му платила на Канје во готово за да го олесни процесот.

Двојката ја купи вилата во 2014 година за 20 милиони долари и Канје направи целосен редизајн со помош на славниот белгиски декоратор за интериери Аксел Верворт.Канје и Ким наводно потрошиле 20 милиони долари за реновирање.

16.10.2021 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа