Се крие ли вистинската бројка: Медицинска сестра од Вухан тврди дека од корона вирусот се заразени 90.000 луѓе

Кинеската медицинска сестра од Вухан, која носи заштитно одело и маска и која се грижи за заразените од корона вирусот во овој град, тврди дека во Кина веќе 90.000 луѓе се инфицирани, а не 2.700 како што велат официјалните податоци.

Нејзиното предупредување од жариштето на епидемијата доаѓа во момент кога кинеската влада се соочува со обвиненија за цензурирање на критичкото мислење и прикривање на реалната вистина за кризата. На видео-снимката, која е објавена на интернет, неименуваната жена вели: 

"Се наоѓам во областа каде се појави вирусот. Тука сум да ја кажам вистината. Во овој момент, во провинцијата Јубеј, вклучувајќи го и регионот Вухан, па дури и ширум Кина, со корона вирусот се заразени 90.000 луѓе", тврди таа.

Иако на Кина на почетокот и се оддавало признание поради транспарентноста во текот на настојувањето да се избори со кризата, сега се почесто се слушаат критики дека властите од интернет отстрануваат видео снимки кои ја откриваат реалната состојба. Видеото со болничарката од Вухан на ЈуТјуб имало повеќе од 2 милиони прегледи.

Таа во него ги предупредува луѓето да не излегуваат надвор и да се воздржат од славење на Кинеската нова година.

"Би сакала да им кажам на сите кои го гледаат ова видео да не излегуваат надвор. Не одете на забави. Не јадете надвор. Ако сега сте безбедни, ќе можете да се сретнете со роднините здрави следната година", рекла болничарката.

Таа ја искористила можноста да апелира до луѓето да помогнат:

"Не не интересира што кажува владата. Ве повикувам да донирате маски, очила и облека за еднократна употреба во Вухан. Ве молам, помогнете. Донирајте очила, маски и облека за еднократна употреба. Немаме доволно опрема", апелирала сестрата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега