Се огласи и Заев: Како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници

После подолго време се огласи и премиерот Заев, на социјалната мрежа фејзбук напиша дека како бедем гордо стојат мнозинство граѓани, но и мнозинство од пратеници.
 
„За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда.
Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.
Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.
Нашата кауза е и граѓанска и државничка.
Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници.
Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности“-се вели во постот на Зоран Заев.
 

08.11.2021 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега