Се огласи и Заев за минималната плата: Новата Влада е правична и одговорна
Новата Влада е правична и одговорна, работи за интересите на граѓаните, ова го искоментира поранешниот премиер Зоран Заев, на социјалната мрежа Фејсбук во врска со донесената одлука покачување на минималната плата на 18.000.
-Ова е доказ дека новата Влада е правична и одговорна, работи за интересите на граѓаните, за интересите на работниците. Сега заедно, и работниците и работодавачите ( приватен и јавен сектор) да си земат обврска да ја подигнат продуктивноста. Мораме сите повеќе да работиме ако сакаме повисоки примања и повисок економски стандард.
Честитки до Владата и Премиерот.
Ова е важна и значајна одлука.
Голема работа.
Браво, стои во Фејзбук статусот на Заев.
07.02.2022 - 22:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа