Се огласи љубовничката на Ејми Вајнхаус: Сигурна сум дека поради ова пиеше толку многу алкохол и се дрогираше

Ејми Вајнхаус била „збунета“ од нејзината „недефинирана“ врска со пријателка, открива новиот документарец на „BBC“ по повод 10-годишнината од нејзината смрт.

 

Катриона Гурлеј, една од најблиските пријатели на пејачката се отворила за нејзината љубов кон ѕвездата во документарецот на „BBC“- „Reclaiming Amy“, кој треба да претставува ново женско толкување на нејзиниот живот, љубов и наследство. Во него таа откривала дека таа и Вајнхаус имале „единствена“ и „недефинирана“ врска и дека тоа ја збунило ѕездата додека се борела да разбере „што значи тоа“.

„Кога имав 19-20 години, веќе бев во долга врска со девојка во овој момент, па знаев која сум“, рекла Гурлеј, пренесува „Metro“.

„Таа пишуваше белешки додека спиев: Ти си најубавата девојка што сум ја видела и Како може да изгледаш толку убаво заспана како и будна? Нашата врска беше толку уникатна, недефинирана, ние едноставно многу се сакавме и она што го разбрав од неа, знаејќи ја, е дека беше збунета за тоа што значи нашиот однос за неа“, продолжила таа.

„Кога имате нешто што е толку недефинирано со години, тешко е затоа што мислам дека е толку фундаментално во разбирањето на Ејми и на работите што ја мачеа“.

Гурлеј потсетила како Вајнхаус еднаш се пошегувала во едно интервју „Јас не сум лезбејка сè додека не испијам четири коктели“, алудирајќи на подлабока привлечност што ја споделувале двете.

„Можеби луѓето не сфаќаат дека имало и други врски во нејзиниот живот каде некој навистина ја сакал и се грижел за неа и би сторил сè што е во нејзина моќ да ја направи среќна“, рекла Гурлеј.

 

За жал, битките на Вајнхаус со злоупотреба на супстанции и ментални болести биле големи и таа починала на 27 јули 2011 година поради труење со алкохол.

16.07.2021 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега