Се ожени еврокомесарот Јоханес Хан

Европскиот комесар за финансии Јоханес Хан се ожени со својата долгогодишна партнерка, поранешната австриска вицеканцеларка Сузана Риес-Пасер.

„ Се венчавме во кругот на семејството и пријателите на имотот Ајдербихл и се радуваме на заедничката иднина“, се вели во соопштението на парот.

Рис-Пасер моментално е генерален директор на групата „Вистенрот“, а претходно беше висок функционер на Слободарската партија на Австрија (ФПО).

Хан е од Народната партија на Австрија (ОВП), па се формираше политички невообичаена брачна коалиција. Според договореното, таа сега ќе го користи презимето Рис-Хан.

Двајцата се запознале преку заеднички пријатели, а во врска се од 2015 година. На свадбата присуствуваа и поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц и австрискиот тајкун Рене Бенко.

 
07.08.2022 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега