Се појави нова снимка од експлозијата во болница во Бејрут (ВИДЕО)

Се појави уште една снимка од надзорна камера од експлозијата во Бејрут.

На снимката се гледа како експлозијата го погоди Медицинскиот центар LAU Medical Center-Rizk“, која се наоѓа на неколку километри од пристаништето каде што се случи страшната експлозија.

На снимката се прикажани лекари и луѓе кои дошле да ги посетат пациентите кои се обидуваат да се заштитат од остатоци што летаат низ болницата.

Во експлозијата во Бејрут која се случи минатиот вторник загинаа 160 луѓе, а околу 6.000 се повредени. Повеќе од 300.000 жители останаа без покрив на главата, а Либан секојдневно добива меѓународна помош за да се справи со кризата која произлезе од инцидентот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа