Се појави жената која пред 11 години го хранела Роналдо: „ Секоја вечер му давав хамбургер, а мојот син не ми верува “

Интервјуто на Кристијано Роналдо со славниот новнар Пирс Морган го воодушеви целиот свет, предизвика многу коментари но и една неверојатна потрага.

Роналдо во интервјуто изјави дека на 11 и 12 годишна возраст, како многу сиромашно дете живеел во интернатот на клубот, немал пари и не бил со семејството.

Во тој период често бил гладен, му помагале жените кои работеле во „McDonald’s“ во близина на стадионот, му давале бесплатни сендвичи.

„Би сакал да ги пронајдам, да им се заблагодарам, сакам да им дадам нешто за возврат бидејќи никогаш не сум заборавил што тие направија за мене“- изјави Роналдо во интервјуто.

По ова  се појави жена која во детството му помагала на Роналдо. Станува збор за Паула, а според нејзините искази, таа секоја вечер ги хранела момчињата кои играле фудбал во Лисабон.

-Се појавуваа кај ресторанот секоја вечер, а кога ќе останеа хамбургери имавме дозвола од менаџерот да ги дадеме на децата, а меѓу тие деца беше и Роналдо, кој беше најплашлив од неа. И понатака се смеам кога ќе се сетам. Му кажав на син ми, но тој мисли дека го лажам и не може да поверува дека некогаш неговата мајка му давала сендвичи од Мекдоналдс на Роналдо, но мојот сопруг знае. Кога доаѓаше да ме земе од работа ги гледаше децата кои чекаа сендвич а тука беше и Кристијано Роналдо.“ рекла Паула.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега