Се продава првата СМС порака на светот – се бара и посебна валута

Британската телекомуникациска група „Vodafone“ ќе ја понуди првата СМС порака на светот на онлајн аукција.

Тие, имено, одлучиле да пласираат СМС на аукцијата, испратена во 1992 година во која се честита Божиќ.

Според пишувањето на странските медиуми, купувачот на т.н. NFT (незаменлив токен) ќе добие единствена реплика од оригиналниот комуникациски протокол. Сето ова се одржува во рамки на добротворна онлајн аукција во организација на француската аукциска куќа „Aguttes“ на 21-ви декември.

Приходот, „Vodafone“ ќе го донира за помош на раселените лица, поточно средствата ќе бидат насочени кон Обединетите Нации.

СМС пораката која гласи „Среќен Божиќ“ била испратена на 3-ти декември 1992 година, а истата ја примил Ричард Џарвис, тогашен вработен во компанијата. Историската порака од 15 карактери ќе биде на аукција како NFT во еднократна продажба спроведена од страна на „Aguttes“.

Учесниците на аукцијата ќе можат да даваат понуди, користејќи ја криптовалутата етериум, а највисоката понуда ќе му донесе некому ексклузивно сопствеништво над комуникацискиот протокол, користен за пренос на првата СМС порака на светот.

19.12.2021 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега