Се скарале за девојка па се боделе со ножеви: Детали за вчерашната тепачка во автобус на ЈСП

Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје вечерва во 20 часот се примени две лица со повреди од остар предмет во пределот на шаката. Едно лице е препратено на Скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување, информираа од болницата.

Како што веќе објавивме во автобус на ЈСП број 51 во Скопје вчера доцна попладне се случила тепачка меѓу малолетници. Неофицијално, причина за инцидентот била девојка и отстапување на место во автобусот за неа. Во тепачката двајца малолетници посегнале по нож при што меѓу себе си нанеле повреди на рацете.
Од МВР се уште нема официјални информации за случајот. Најавуваат детали по комплетирањето на целата увидна постапка.

 

23.09.2022 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа