Се сруши авион во Авганистан- на летот имало најмалку 83 лица

Патнички авион се сруши денес во централната провинција Газни, јавува „Ројтерс“.

Авионот летал од Херат до Кабул, се срушил, а потоа се запалил поради технички проблеми, пренесува ББС.

Засега нема информации за жртви, но „Спутник“ пренесува дека на летот имало 83 лица, а неколку други медиуми пак јавија дека имало 110 патника.

Местото каде авионот се срушил се наоѓа под контрола на Талибанците.

Ројтерс пренесува дека авионот припаѓал на државна компанија и се срушил во 13 часот и 10 минути по локално време.На местото на несреќата се излезени експерти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега