Се степале затвореници во Прилеп - еден маж прободен

Затвореник се здобил со повреди откако бил прободен со остар предмет во затворот во Прилеп.

-Вчера во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Казнено – поправниот дом Прилеп на 19.02.2020 настанала физичка пресметка.

Тепачката се случила помеѓу тројца затвореници А.П., С.Ѓ., и С.М., при што А.П. со остар предмет му нанел повреди на С.М..

Се преземаат мерки за расчистување на настанот - информира полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега