Се судрија комбе и автомобил на патот Велес- Штип, повредени две лица

 

Две лица повредени во сообраќајка  на патот Велес- Штип.

„На 06.08.2020 во 09.55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип, во атар на с.Три чешми, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(30) од Скопје и патничко возило „форд ка“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(49) од Виница“ велат од МВР.

Во незгодата Н.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега