Се судрија трактор и автобус во Кавадарци- маж тешко повреден

 

Маж бил повреден во сообраќајка помеѓу автобус и трактор во Кавадарци и со тешки телесни повреди бил префрлен во болница.

„На 26.06.2020 во 05.45 часот било пријавено дека во Кавадарци, на ул.„Шишка“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „сетра“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.К.(65) од Неготино и трактор „ИМТ 533“, со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(80) од Кавадарци.

По незгодата, возачот на тракторот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“ се вели во соопштение од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2020 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега