Се судрија три автомобили, три лица завршија во болница


Вчера во 12.51 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај с.Групчин, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со италијански национални ознаки, управувано од Ш.Р.(38) од с.Бојане, скопско, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(68) од с.Ларце, тетовско и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки управувано од У.Б.(35) од с.Лисец, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел“, С.Б.(35) од с.Лисец, а со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и сопатничка од возилото „мерцедес“, Ц.Ф.(49), констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

22.03.2024 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега