Се судриле автомобил и електричен тротинет- скопјанец со тешки повреди итно пренесен во болница

Во близина на Соборниот храм во Скопје, повреден е скопјанец кој управувал со тротинет, а се судрил со автомобил, по што со тешки телесни повреди бил пренесен во болница.

Според пријавеното, вчера во 17.15 часот на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, на место каде се спојува со сервисна улица која води кон паркинг од Соборен храм „Св.Климент Охридски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мазда 3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(47) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Е.С.(36) од Скопје.

По незгодата Е.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега