Се судриле две возила во Скопје, од кои едното било сопственот на МВР- две лица повредени

 

Вчера во 16.45 часот на ул.„518“ во Скопје во правец кон „Саем - Ќерамидница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „поло“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „ауди А8“, управувано од И.П.(27) од Скопје.

Во незгодата возачот и сопатникот од патничкото возило „поло“ се здобилe со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.

За незгодата е  известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Увид на местото на незгодата направила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа