Се укинува правото на вето за преговори со ЕУ?

 

Хрватскиот весник „Вечерњи лист“ објави дека Европката комисија на есен подготвува нов систем на донесување одлуку во врска со преговорите за членство во Евроспката Унија, по што повеќе нема да биде потребна едногласна одлука од сите земји, туку само од квалификувано мнозинство.

„Европската комисија се подготвува на есен да предложи во иднина за претпристапните преговори за државите кандидати за членство во ЕУ, повеќе да не биде потребна едногласна одлука на сите земји членки, туку квалификувано мозинство, со што би можеле да бидат надгласани оние што би се обиделе да блокираат“, објави весникот.

 

 

 

 

12.07.2018 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега