Се закити со титулата најсексипилна жена поради своите бујни облини, а сега многумина ѝ замеруваат поради дно нешто

Кејт Аптон красела многубројни насловни страни на светските списанија, а со актерство почнала да се занимава пред околу 10 години. Оваа убавица има 28 години.

Актерката и модел, Кејт Аптон веќе со години го привлекува машкиот свет со своите атрибути, а најмногу внимание привлекла во последниве неколку месеци затоа што многумина ѝ замериле дека премногу ослабела.

Убавата Американка својата кариера ја започнала на 15 години. Красела многубројни насловни страници на светските магазини, а имала и интересна изјава кога снимала на Антарктикот:

„Кога се вратив оттаму имав чувство како телото да ми се гаси затоа што премногу ми беше ладно. Не гледав и не слушав добро затоа што моето тело се бореше да остане топло“ – раскажала таа.

Таа одамна одлучила да заработува сама за својот живот, без оглед на тоа што потекнува од богато семејство.

Нејзиното семејство е наследник на царството „Whirlpool“.

 Кејт со својот сопруг, бејзбол играчот Џастин Верландер ја започнала својата врска во 2014-та година, а две години подоцна тој ја запросил.

Бајковитата венчавка се одржала во 2017-та година во Тоскана, а една година подоцна добиле ќерка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега