Се запали куќа: Пожарот зеде една жртва

Од РЦУК Струмица информираат дека избувнал пожар на двоспратна куќа во С.Дојран.

„Зафатена е кровната конструкција и еден спрат од куќата. Во пожарот има и една жртва.

Во интервенцијата учествуваат ТППЕ Гевгелија со 4 пожарникари, еден ПП м.в и четири од доброволно ПП друштво од Дојран со едно возило“,  известуваат надлежните служби.

Моментално се догаснува пожарот. Повеќе информации следуваат откако ситуацијата ќе се нормализира. 

06.08.2022 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега