Се запалија неколку возила во подземна гаража во Скопје

 

Синоќа во 01:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подземна гаража на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје настанал пожар во неколку возила.

- Полициски службеници  излегле на местото и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.К.(32) од Скопје, а делумно биле опожарени патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ф.(33) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид - информира МВР.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега