Себастијан Курц порача: До следното лето ќе можеме да се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и понатаму верува дека вакцината против коронавирусот ќе биде на располагање во првата половина идната година.

„До следното лето, од денешен агол гледано, ќе можеме да се вратиме во нормала“, рекол Курц во изјава за австрискиот јавен сервис ОРФ.

Кога станува збор за заклучување или ситуација слична на заклучување, тој не можел да ги исклучи таквите мерки за Австрија.

Укажал дека постојат многу земји со значително поголем број на заразени, каде училиштата и рестораните се повторно затворени и воведена е забрана за излегување.

„Тоа сакаме да го спречиме во Австрија, ако е можно“, рекол Курц.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега