Седел во чекална, па почнал на луѓето да им пука во глава и врат - детали напаѓачот кој пукаше во болница во Чешка

Напаѓач рано утринава убил шест лица во болница во Чешка.

Почнал да пука со пиштол во чекалната на Итната помош на одделението за трауматологија рано утринава во околу 7 часот, а на луѓето кои биле во негова близина им пукал во врат.

После неколку часа бегство полицијата во околу 10:30 часот го лоцирала во автомобил и запуклала. Напаѓачот си пукал себеси во глава и се самоубил.

Станува збор за 42-годишниот Цтиради В. кој работел како градежен техничар во градежна фирма АЗ Инергрис во градот Опава. Тоа за поталот ирозхлас.цз го потврдил и директорот на фирмата, Алеш Зигула кој истакнал дека неговиот вработен бил тешко болен.

„Се увери самиот себеси дека е тешко болен и дека никој не сака да го лекува. Одеше сегде. Не одеше на работа цел последен месец, пред 14 дена дојде и рече дека е на боледување. Не сакам да зборувам за тоа“, рекол директорот.

Пукањето во болницата во Острава е втор најлош напад во историјата на земјата. Во февруари во 2015 година маж влегол во ресторан во градот Ухерски Брод, убил осум лица, а потоа и себеси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега