Седум лица уапсени пред Самитот на Г7: Кај нив се пронајдени димни бомби при рутинска контрола

Седум лица беа уапсени откако две возила беа запрени и претресени на околу пет километри од местото на Самитот Г7 во округот Корнвол, на југозападот од Англија, соопшти денеска полицијата.

Полицијата открила боја, димни бомби и мегафони откако во четвртокот запреле автомобил и комбе за време на рутинска проверка, пренесува Би-Би-Си.

Полицијата соопштила дека седум лица кои во таа прилика се уапсени и понатаму се во притвор.

Вчера британската полиција уапси човек кој пријавил лажна дојава за бомба и по тој повод 100 лица биле евакуирани од хотел.

Денес во Англија започнува самитот на групата од седум најразвиени земји (Г7).

 

На самитот ќе присуствува и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој е во посета на Велика Британија.

11.06.2021 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега