Седум припадници на АРМ утре се враќаат од мисијата во Авганистан

Седум припадници на Армијата на Македонија кои се дел од НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан утре ќе се вратат во нашата земја, соопштиваат од Министерството за Одбрана.

“Нивното враќање ќе се реализира со специјален лет на хрватската компанија „Croatia Airlines“ организиран од Владата на Република Хрватска со цел враќање на нивните 11 припадници во меѓународната мисија во Авганистан.

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија се очекува утре во вечерните часови да пристигнат и потоа да бидат транспортирани до нашата земја. По нивното пристигнување согласно препораките од Владата и од Министерството за здравство ќе бидат упатени во двонеделен карантин кој е задолжителен за сите граѓани кои се враќаат од странство.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се заблагодари на министерот за одбрана на Република Хрватска Дамир Крстичевиќ за заедничкиот настап и помошта при враќањето на нашите војници. Двајцата министри заклучија дека грижата и здравјето за припадниците на армиските сили е приоритетна во овие моменти“ стои во соопштението.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега